ДС предложи законски измени исклучените граѓани да не плаќаат паушал за парно

Од:

Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократскиот сојуз, денеска до Собранието на Република Македонија достави Предлог за промена на Законот за енергетика, со кој се предвидува граѓаните кои не користат топлинска енергија за затоплување на становите, да не плаќаат надоместок.

По одржаната средба со претставници од граѓанското здружение „НО ПАСАРАН“ и усогласување на текстот на промените на Законот за енергетика, Законот е доставен во собраниска процедура по скратена постапка.

Текстот на промените, како што соопшти денеска Демократскиот сојуз, гласи: „ Домаќинствата кои немаат склучено договор од член 118 на овој закон или не биле корисници на топлинска енергија или престанале да бидат корисници на топлинска енергија, не плаќаат надоместок.“

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски