ДС: Пред Македонија се историски одлуки кои бараат сплотеност, единствно и одговорно однесување

Од:

„Република Македонија е исправена пред историски одлуки, кои ќе ја определат иднината на државата.

Во очекување на „пакетот” решенија сврзани со деблокирање на евроатланските процеси односно разрешување на спорот наметнат од Грција за името на нашата држава, напорите на МПЦ-ОА за признавање на автокефалноста од страна на Цариградската Патријаршија,се настани кои бараат сплотеност, единство и одговорно однесување од секој политичар и граѓанин, нагласи Павле Трајанов на средбата со раководството на ДС во Охрид.

Наша цврста определба е Македонија да биде полноправна членка на НАТО и ЕУ, со што ќе се отворат реални перспективи за младите, да останат во Македонија.

Тие партии и лидери кои ќе го преземат “товарот” за иднината на Република Македонија, можеби краткорочно ќе изгубат политички поени, но сигурно ќе создадат услови за инвестиции, развој и нови работни места, рече Павле Трајанов.

Трајанов зборуваше и за потребата од кадровско зајакнување на партијата, со вклучување на млади и креативни кадри“ се вели во соопштението на Демократски сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски