ДС: Позитивна оценка на граѓаните

Од:

Демократскиот сојуз смета дека препораката (условена) на Европската комисија за отворање на пристапни преговори со Република Македонија е признание и респект за посветеноста на граѓаните на евро-интеграциските процеси, како и долгогодишниот граѓански и политички консензус за имплементација на стандардите и полноправно членство во Европската Унија.

Извештајот на Европската Комисија е реален приказ на состојбите во Република Македонија, во кој се детектираат генераторите на кризата, клучните елементи на кризата како и правци за надминување на истата.

Европската Комисија ги потврдува веќе познатите оценки и состојби, како што се кршењето на основните човекови права преку злоупотреба на системите за прислушување, криминализација на државата, партизација на судскиот систем, суспензија на владеење на правото, како и досега невидената манипулативна медиумска кампања.

За Демократскиот сојуз е посебно битно што се бара одговорност (практично по име и презиме се посочуваат носителите на кризата), но се даваат и конкретни насоки како да се излезе од длабоката политичка криза, која ја наруши внатрешната кохензија и стабилност и ги загрози евро-интеграциските перспективи на земјата.

ДС целосно ќе се посвети на вистински реформи, кои значат пред се системски промени, создавање услови за враќање на мирот и вербата на граѓаните во државата и целосна медиумска слобода.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски