„Демократскиот сојуз на сите граѓани им ја честита Новата 2018 година.
Демократската определеност, борбата за вистина, цврстината и силната определеност на граѓаните за промени и реформи, ја одбележаа годината со огромни предизвици и неизвесности.
Во годината пред нас, потребна ни е сплотеност и единство, но и работа,трпение и истрајност за да се отворат перспективи и подеднакви шанси за сите граѓани, посебно за младите.
Мораме да направиме темелни реформи за да владее правото и подеднаква примена на законите, стабилност и правна сигурност, економски развој и нови работни места во стопанството, пристојни плати, реформи во тајните служби и ефективна борба против криминалот.
Реформите, добрите односи со соседите и почитување на различностите, ќе ги отворат перспективите за полноправно членство во НАТО и започнување на преговорите за влез во ЕУ, како врвни стратешки и национални интереси и цели.
Посакуваме мирна година, многу среќа , семеен мир и подобар живот за сите граѓани“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.