ДС: Одговорност за урнисување на Уставниот поредок

Од:

„По објавувањето на информациите од СЈО, по чија наредба незаконито се прислушувале илјадници граѓани, целта на прислушувањето и кој сé бил “корисник” на прислушуваните разговори, Демократскиот сојуз, бара одговорност и повлекување од изборниот процес, на сите кои биле вклучени во урнисувањето на Уставниот поредок, газењето на човекови права, нарушување на изборниот процес и навлегување во приватноста на граѓаните.

Се потврдија сомненијата на Демократскиот сојуз, дека прислушувањето е вршено по налог на раководството на МВР (сите кадри од ВМРО – ДПМНЕ), потоа дека прислушувањето е вршено преку системите на МВР и дека корисници на прислушуваните разговори биле носителите на високи државни позиции, пред сé претседателот на Владата и воедно лидер на ВМРО – ДПМНЕ.

Пред две години и сега бараме, политичка и кривична одговорност за сите актери на ова злосторство и спрема сопствениот народ и држава.

Со изборите не може и нема да се покрие кршењето на човековите права и криминалот.

Секој треба да биде свесен дека правдата можеби касни, но сепак стигнува“, се вели во соопштението на ДС.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски