ДС: МТВ не платила за говорот на Тони Блер?

Од:

Демократскиот сојуз, партијата на Павле Трајанов изрази протест поради неможноста граѓаните на Република Македонија да го проследат во живо говорот на Тони Блер, поранешен премиер на Велика Британија.

„Вчера вечер, во МНТ се обрати Тони Блер, поранешен британски премиер, во рамките на Сахара Балканскиот Мировен Фестивал, но Македонската телевизија го прекина преносот за време на неговиот говор“, се наведува во соопштението на партијата на Павле Трајанов.

Според информации на „Либертас“, на ниту една телевизиска екипа, па ни државната МТВ не и било дозволено да емитува повеќе од три минути од обраќањето на Блер.

За останатото, доколку сакале да биде дел од програмата, МТВ, како што неофицијално дознаваме требало да плати, со оглед дека било практика што ја има востановено поранешниот британски премиер Тони Блер.

Токму провладините медиуми објавија дека Блер во Скопје ќе зборува про-боно, осносно без никаков надомест иако за минута од своите говори наплатувал 7000 евра.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски