ДС: Македонците од дијаспората да ја искористат можноста и масовно да се попишат

Од:

Демократскиот сојуз на првиот ден од почетокот на пописот, ги повикува Македонците кои живеат во дијаспората, а имаат македонско државјанство, матичен број и адреса во Македонија, да ја искористат можноста која им се нуди со Законот за попис и масовно да се попишат преку онлајн апликацијата, во периодот од 1 март до 31 март оваа година.

„Попишувањето на Македонците кои живеат на сите континенти, е од исклучителна важност за добивање вистинска слика за етничкото потекло на сите македонски државјани.

Демократскиот сојуз предупредува дека отпорот против попишувањето и тивкиот бојкот кој се заговара од некои политички партии во Македонија, може да произведе неверодостојни податоци за бројот на етничките Македонци и да го доведе македонскиот народ во нерамноправна положба во сопствената држава“, се вели во соопштението на ДС.

Истовремено, тие ги повикуваат и роднините на Македонците иселеници, кои живеат во Македонија, да ги потсетат своите блиски на оваа обврска и да им го објаснат значењето на пописот и попишувањето.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски