ДС: Кадровски промени и реформи

Од:

„Демократскиот сојуз оценува дека посетите на Хан и Прибе на Република Македонија се од исклучителна важност за спроведување на реформи, клучни за стабилизирање на состојбите и обезбедување на поширока поддршка за промените.

За реформите во тајните служби за безбедност, судскиот систем и медиумите, круцијално è паралелно со системските промени да се направат и кадровски екипирања врз основа на цврсти критериуми (едукација, професионалност, демократски капацитети и сл.).

Граѓаните очекуваат брзи промени, реформи и резултати, но сепак системските промени мора да се одвиваат врз основа на поцелосни анализи и споредбени искуства. Во кадровските промени мораaт да се вклучуваат сите потенцијали, вклучително и граѓанскиот сектор, универзитетите и бизнис секторот, како и млади и докажани експерти кои работат во странство.

Отвореноста за идеи, проекти и кадри, се гаранција за промените и отворање на перспективи за Македонија“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски