ДС: ЈО случајот на Саздовски да го третира како убиство

Од:

Демократскиот сојуз инсистира, Јавниот обвинител, во соработка со МВР да ги преземе сите законски активности и мерки се со цел тие што неодамна го претепаа до смрт Никола Саздовски да понесат кривична одговорност.

„Се работи за убиство извршено на свиреп начин и обвинителството мора овој неразумен чин и така да го третира, а секој обид да се релативизира ова злосторство може да добие политичка и етничка димензија со тешки последици по јавниот ред и мир.

Ги повикуваме сите државни институции, посебно јавното обвинителство и судот, да работат професионално, одговорно, транспарентно и ефикасно.

Апелираме до сите граѓани и навивачки спортски асоцијации, да останат присебни и воздржани, да не се конфронтираат и да не ја „земаaт” правдата во свои раце.

Само со почитување на законите и без политичко влијание врз МВР, ЈО и Судот, сторителите на ова убиство ќе ја понесат заслужената казна“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски