„Промените на Законот за кривична постапка на 9 дена пред распуштање на Парламентот се во интерес на политичкиот естабилишмент. Во пракса значи дека поднесување на обвиненија се пролонгира за три месеци.
Демократскиот сојуз смета дека без претходна анализа, јавна и експертска расправа, да се менува закон од казнено процесно право, во скратена постапка само за два дена, е целосно разорување на правниот поредок и своевиден институционален криминал во кој е вовлечен Парламентот.
ДС предлага измените на ЗКП да се повлечат и за потребата од промени во ЗКП да се подготви целосна анализа и за истите да се отвори поширока расправа во јавноста по парламентарните избори“, соопштуваат од Демократскиот сојуз.