ДС: Исклучително важно е што во Предлог-рамката повторно се користи терминот „македонски јазик“ без никакви условувања и додавки

Од:

Демократскиот сојуз го поздравува објавувањето на Предлог – преговарачката рамка од страна на ЕК за Македонија, со што нашата држава го направи решавачкиот исчекор за почеток на преговорите со ЕУ, кои според најавите, ќе започнат веќе кон крајот на годинава.

„Исклучително важен момент е што во Предлог – рамката повторно се користи терминот „македонски јазик“ без никакви условувања и додавки, што претставува промоција на македонскиот како иден официјален јазик на Унијата“, велат од ДС.

И покрај задоволството од документот на ЕК, Демократскиот сојуз предупредува дека новата методологија предвидена во Предлог – рамката, подразбира мошне ригорозна контрола врз неопходните реформи, како и механизми за прекинување на преговорите со ЕУ доколку не се покажат очекуваните резултати.

– Тоа значи дека македонските власти ќе мораат максимално ангажирано и искрено да се посветат на преговорите, особено ако се знае дека тие ќе започнат со отворањето на поглавјата кои се однесуваат на исклучително болни точки во државата – реформи во јавната администрација, демократските институции и јавните набавки, се додава во соопштението на ДС.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски