ДС: Иницијативата на Уставниот суд да ги врати на сила одлуките на Иванов за аболиција претставува театар на апсурдот

Од:

Иницијативата на Уставниот суд да ги врати на сила одлуките на Ѓорге Иванов за аболиција на 56 лица носители на високи државни и политички функции, инволвирани во тежок криминал, претставува театар на апсурдот, соопшти Демократскиот сојуз.

„Сето ова создава неподнослива реа на повторен обид за амнестија, за поништување на сите случаи на СJО и за создавање нова коалиција меѓу криминалот и политиката.
Сето тоа, во пресрет на вонредните парламентарни избори, ќе предизвика силен револт и протести на граѓаните, кои само до пред три години демонстрираа по улиците со слоганот НЕМА ПРАВДА -НЕМА МИР.

Демократскиот сојуз очекува решителна реакција од партиите на власт, невладиниот сектор, медиумите и слободномислечките граѓани. Ги повикуваме на протести, а од членовите на Уставниот суд бараме итни оставки.

Крајно време е Парламентот да се разбуди и да ги разреши. Доколку продолжи постапката на Уставниот суд за ставање во сила на аболициите на Ѓорге Иванов, се губи и логиката за одржување предвремени парламентарни избори, бидејќи тие ќе ја кулминираат кризата во државата“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски