ДС: Инцидентот во Гошинце да не се користи за политичка конфронтација

Од:

Демократски сојуз денеска преку соопштение оцени дека инцидентот во липковскиот регион претставува можно сценарио и обид за дестабилизација на државата и побарада тој да не се користи за политичка конфронтација и медиумска манипулација на граѓаните.

Од ДС оценуваат дека нема елементи за меѓуетнички конфликт и нарушување на стабилноста на државата поради тоа што граѓаните се определени за мир и решавање на проблемите со дијалог и воедно, инсистираат службите за безбедност ефикасно да дејствуваат и да ја гарантираат безбедноста и територијалниот интегритет на државата.

– Овој случај, доколку се потврди, укажува на пропусти на државните институции, поради што повикуваме на зголемена будност, како и одговорно и државничко однесување. Очекуваме Владата на Република Македонија за вкупната безбедносна состојба да го информира и Парламентот, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски