ДС: Хаосот е поради блокадата на парламентот

Од:

„Блокада од страна на ВМРО-ДПМНЕ за да не се конституира Собранието на Република Македонија, како и одбивањето на Ѓорге Иванов да го даде мандатот за состав на Влада на партиите кои имаат парламентарно мнозинство, доведе до тоа да имаме тотален институционален хаос и колапс на државата во целина.

Сега на веќе истечен мандат на советите и градоначалниците, се алармира демек локалната самоуправа ќе биде парализирана и ќе има последици по нормалното функционирање на власта на локално ниво.

Извесно е дека ќе има проблеми, но уште посигурно е дека има решенија кои извираат од Законот за локална самоуправа.

Продолжување на мандатот на градоначалниците и советите без претходно да се избере нова Влада би било кобна грешка. Во таа замка веруваме дека парламентарното мнозинство нема да падне. Прво избор на нова Влада па локални избори.

Локалната самоуправа ќе функционира со одредени ограничувања сé до одржување на локалните избори, кои треба што е можно побрзо да се организираат, а на претседателот на Парламентот никој не може да му го оспорува правото да определи датум и да ги распише локалните избори“ се вели во соопштението на Демократсиот Сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски