ДС: Граѓаните имаат право на протести, но не на такви каде се разгорува верска одмазда

Од:

Демократскиот сојуз смета дека демократско право на секој граѓанин е да протестира и да го искаже своето незадоволство, ставови, идеи или барања, но оти протестите организирани по етничка и верска основа во врска со судскиот процес што се води против обвинетите за грозоморното убиство на петтемина млади луѓе во близина на Смилковското езеро е притисок врз судскиот систем.

Тоа, според ДС, исто така претставува и своевидна провокација на етничка и верска основа, особено што, како што се посочува во денешното соопштение од ДС, на овие протести се манифестира насилство, се разгорува меѓуетничката нетолеранција и верска омраза.

– Овие протести, радикални групи и поединци ги користат за насилство и напади на припадниците на силите за безбедност, државните институции и на истите се промовира верска и етничка нетолеранција и раздор. Поради тоа, Демократскиот сојуз ги повикува сите граѓани да не учествуваат на ваков вид протести, се вели во соопштението од оваа партија.

Исто така, Демократскиот сојуз ги осудува обидите на политичките елити да вршат притисок врз судот, при одлучувањето во врска со судскиот процес „Монструм“. Партијата инсистира на целосна транспарентност на судскиот процес и одлуката каква и да е, истакнуваат оттаму, мора да биде поткрепена со цврсти и релевантни материјални докази и факти.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски