ДС: Експертска влада, реформи, па потоа избори

Од:

Демократскиот сојуз смета дека треба да се договори ориентационен датум за избори, а не фиксен. Исто така е битен и редоследот на потезите. Демократскиот сојуз предлага во најкус период да се избере Реформска (експертска) Влада, со јасни приоритети, која треба да спроведе длабоки реформи во судскиот систем, безбедноста и медиумите, велат од Демократскиот Сојуз.

Преку реформските процеси, треба да се создадат услови за фер, демократски и кредибилни избори, а датумот на изборите да се одреди по завршување на реформите и верификација на избирачкиот список од ДИК, кој треба да се прочисти од партиските кадри. ДС инсистира преговарачкиот процес да биде транспарентен и во него да се вградат и предлозите од другите партии, граѓанскиот сектор, како и медиумите, стои во соопштението на Демократскиот Сојуз.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да одговара за аферата „бесплатен паркинг” Павле Трајанов доби функција

Горан Наумовски

Павле Трајанов е реизбран за претседател на Демократскиот Сојуз

Горан Наумовски

Павле Трајанов поднесе иницијатива до Уставниот суд за Хашките случаи

Трајанов: Постапката за хашките предмети да продолжи

A1on

Трајанов: Техничката влада да биде одраз на составот на Парламентот

Горан Наумовски

Павле Трајанов побара информација од МВР за грозоморните убиства

Горан Наумовски