Демократскиот сојуз (ДС) реагира на ставот на Државната изборна комисија (ДИК), дека за Правилникот за прочистување на избирачкиот список, ќе ги консултира четирите партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА.
– Овој став покажа дека ДИК работи под диктат на четирите партии генератори на политичката криза, наместо да обезбеди услови за спроведување на фер и демократски избори, што е определба на сите граѓани, стои во денешната реакција од ДС.
ДС очекува, како што стои во соопштението, експертите со висок професионален кредибилитет во составот на ДИК, да бидат брана од партиските влијанија.
– Консултации се можни за некои отворени прашања, но само доколку тие се поставени на принципиелни основи со можност секоја партија, невладина организација или експерти да дадат свои коментари, сугестии и предлози, се посочува во реакцијата од ДС.