ДС: Демонтирање на еднопартискиот и авторитарен систем

Од:

„Демократскиот сојуз оценува дека изминатите сто дена беа успешни и исклучителни тешки за Македонија и Владата.

Клучно е што полека се демонтира еднопартискиот и авторитарен систем и започнува дисперзија на власта и одговорноста, како клучна претпоставка за слобода на мислата и зголемување на иницијативноста.

Многу битно е што се деблокирани евро-атланските процеси и Македонија добива меѓународна поддршка за офанзивната и решителна дипломатска активност за надминување на отворените прашања со соседите.

Започнати се крупни реформи во судскиот систем и безбедносните служби, се изедначуваат условите за бизнис за странските и домашните компании и се намалуваат непродуктивните трошења.

Зголемување на минималната плата е добра основа за раздвижување на целокупниот систем на плати и отворање на перспективи за младите.

Демократскиот сојуз очекува двојно намалување на паричните казни за фирмите, обезбедување на достапност на секое работно место за способните и многу поефикасна борба против организираниот криминал и конфискација на нелегално стекнатиот имот“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски