ДС: Да се продолжи со реформи и имплементација на европските стандарди

Од:

Демократскиот сојуз смета дека независно од одлуките на Советот на Европската Унија за почеток на разговорите за влез во ЕУ, Македонија треба да продолжи со реформите и имплементација на европските стандарди, бидејќи тоа е од интерес на сите граѓани.

„Јакнењето на демократските капацитети на институциите, слободата на медиумите, стабилноста и правната сигурност се круцијални за иднината на државата.

Преспанскиот Договор,како и Договорот со Бугарија, не треба да се клучни предуслови за интеграција во ЕУ, туку реформите и постигнатите резултати, но ЕУ инсистираше на разрешување на отворените прашања со соседите и тие наши отстапки мора да ги вреднува и валоризира.

Демократскиот сојуз оценува дека започнатата постапка за прием во НАТО и реформските процеси, ја обврзуваат Владата да работи со целосен капацитет, а вонредни парламентарни избори после самитот на НАТО закажан за крајот на оваа година во Лондон“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски