Претседателот на ДС Павле Трајанов ќе се заложи во Собранието за доизградба на патот од Скопје до Македонски Брод, а ќе бара изградбата на патниот правец да биде внесена и во Програмата за изградба на регионални патишта.
Ова, како што информира ДС, го ветил Трајанов на денешната средба со претставници од здружението на граѓаните „Опстанок на Порече“, кои го актуелизираа проблемот со доизградба на патниот правец Скопје – Македонски Брод. Се работи за 12 километри пат од село Близанско до Белички мост, кој е пробиен, но не е асфалтиран.
– Трајанов смета дека оваа делница треба да се асфалтира што е можно побрзо, бидејќи тоа е најкус пат до Македонски Брод и основа за економски развој на овој регион, како и за задржување на населението во градот и другите населени места од регионот, соопшти ДС.