Демократскиот сојуз денеска соопшти дека има ангажирано експертска група која работи на подготовка на закон за амнестија.
Партијата истакнува дека поради комплексноста на прашањето, законот ќе се подготвува во соработка со Министерството за правда, Врховниот суд, Јавното обвинителство, невладиниот сектор и со експерти, доколку има интерес за тоа.
– Амнестијата е чин на простување, но и корекција на неправда, како и можност за ресоцијализација.
Претседателот на ДС Павле Трајанов на собраниската седница во петокот го отвори прашањето за граѓаните кои вршеле нелегален пренос на мигранти, а се осудени со високи казни. Овој процес, сметаат од ДС, се декриминализира, поради што се иницира потребата од амнестија.
Во Македонија последната општа амнестија е спроведена во 1999 година.