ДС: Ако на студентски избори има полициска бруталност и фалсификат, што ли се ќе се случува на парламентарните?

Од:

Студенти од „Студентскиот пленум“ вчера беа тепани од полицијата и насилно влечени, за да се овозможи да се прогласи лидер на студентите во организација на власта, реагираат од Демократскиот сојуз.

Од партијата на Павле Трајанов им честитаат на студентите за храброста во обидот да спречат одржување на криминални и нелегитмини избори за студентски лидер.

„Демократскиот сојуз најостро го осудува вклучувањето во кршењето на изборниот процес на активисти на ВМРО-ДПМНЕ и бара одговорност за сите што придонесоа за хаосот и за грдите пораки што се испратија до светот. ДС бара целосно расчистување на улогата и на одговорноста на министерот за внатрешни работи и на министерот за образование, како најдиректно вклучени во тоа што се случуваше во текот на ноќта. Наместо студентите да бидат единствени и заедно во борбата за владеење на правото, демократија, подобрување на квалитетот на образованието и на студентскиот стандард, сведоци сме на поделби и на „војна“ за интересите на владејачкиот естаблишмент“, се вели во реакцијата на ДС.

ДС прашува „ако на овие избори пред очите на јавноста се случуваше хаос, полициска бруталност и фалсификат, што ли се ќе се случува на парламентарните избори“.

Демократскиот сојуз, бара и инсистира парламентарните избори да се одржат во октомври оваа година, за да се вратат мирот и стабилноста во земјава.

Би можело да ве интересира

Демократски сојуз: Изборниот законик обезбедува политички монопол на четири партии

А1он

Демократски Сојуз: Доста со декларации и резолуции, да се фатиме за работа

Демократски сојуз: Обвинителството да покрене постапка против Али Ахмети за повик за загрозување на територијалниот интегритет на Македонија

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти