ДС: 16 години принципиелност и доследност

Од:

„Демократски сојуз израсна во препознатлив, принципиелен и силен политички субјект, кој ги отвора вратите за сите слободарски и креативни граѓани.

На денешен ден (19 Јануари 2000 година) во „Салон 19’19“, иницијативниот одбор во состав: Павле Трајанов, Никола Младенов, Зоран Петров, Томе Геневски, Ѓорѓи Димитров, Верица Андреевска, Теофил Блажевски, Велин Јованов, Братислав Димитров и Владо Шоп-Трајанов, одржа седница на која е донесена одлука да се формира Демократскиот сојуз, како автентична политичка партија.

После 16 години опстојување и развој, Демократскиот сојуз промовира Платформа за „ПРОМЕНИ ПРАВДА И ПРОГРЕС“, како алтернатива за излез од политичката криза. Демократски сојуз повикува на разумно однесување, обединување и градење на консензус за националните и долгорочните стратешки интереси на државата и граѓаните.

Демократскиот сојуз смета дека единствен избор за Македонија е владеење на правото, почитување на основните цивилизациски вредности и слобода на говорот. Тоа се основните постулати за градење на перспективна и демократска држава“, се вели во соопштението на ДС.

Би можело да ве интересира

ДС: Не треба да има дилеми за почнување на преговорите, земјата ги исполни сите критериуми

Ана Ололовска

Демократски Сојуз: Разговори за промените во изборниот законик

Ана Ололовска

ДС: Промена на изборниот модел, Македонија да биде една изборна единица

Ана Ололовска

ДС: Корозијата што го зафати СЈО е потврда на поговорката „Славата ги удри во глава“

Ана Ололовска

ДС: Парламентот да одржи вонредна седница за работата на СЈО

Ана Ололовска

ДС: Да се продолжи со реформи и имплементација на европските стандарди

Ана Ололовска

Leave a Comment

eighteen − 4 =