А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Државниот завод за статистика почнува електронска комуникација со компаниите и институциите

by А1он30/06/2014 - 12:35105
Share0

Државниот завод за статистика (ДЗС) почнува со автоматизирано прибирање податоци од деловните субјекти и инстутициите. Како што најави денеска директорката Благица Новковска, наместо класично, преку пошта како досега, прашалниците ќе се доставуваат електронски, ќе бидат многу помали, поедноставни и попрегледни.

Следете a1on на Instagram Instagram

Интернет комуникацијата се очекува значително да го намали губењето време при доставувањето на податоците, но и да ги редуцира трошоците.

– Ваквиот систем пред се ќе ја намали оптовареноста, реална и субјективна, на компаниите при доставувањето на податоците, истакна Новковска на прес-конференција во Стопанската комора на Македонија.

Таа го нагласи значењето од доставување навремени, точни и релевантни податоци што е исклучително битно за прецизно дефинирање на состојбите.

Првите четири електронски истражувања меѓу кои за слободни работни места и плати, стартуваат во септември. Прашалниците ќе се креираат автоматски, дел по дел, во текот на пополнувањето. Не ќе може да се премине на следно прашање, доколку претходното не се  одговори квалитетно.  Со вградените контролни системи, грешките ќе бидат сведени на минимум.

Следете a1on на Youtube YouTube

Директорката на ДЗС Новковска информира дека мал е бројот на компании што навреме или воопшто не доставуваат барани податоци иако се законски обврзани. Казните за ваквото однесување достигнуваат неколку илјади евра или одреден процент од вкупниот приход на бизнисите.

statistika

Би можело да ве интересира

Мажите во Македонија во просек умираат на 72.2 години, а жените на 76.6

Горан Наумовски18/06/2026 - 14:09

Турците, Германците, Србите и Французите најбројни странски туристи во земјава

Горан Наумовски11/06/2026 - 12:28

Производителите ги покачија цените на индустриските производи

Горан Наумовски30/05/2026 - 09:31

Индустриските производи со повисоки цени во март

Горан Наумовски29/04/2026 - 10:3629/04/2026 - 10:39

Во Македонија жените се подолговечни од мажите

Горан Наумовски20/03/2026 - 08:1120/03/2026 - 08:12

Бројот на странските туристи лани зголемен за 10,3 отсто

Горан Наумовски12/02/2026 - 08:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто