Државниот секретар во МЗ, Милошев ги посети Општата болница и ЗД во Гевгелија

Од:

Државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев денеска ги посети Општата болница и Здравствениот дом во Гевгелија, каде се сретна со директорите и стручниот колегиум на двете установи.

– Реформскиот процес за спојување на општите болници и здравствените домови, кој веќе почна да се спроведува преку Владата и Министерството за здравство, е конкретниот повод за мојата денешна работна посета на Гевгелија, изјави Милошев.

Посочи дека со овој реформски процес најголемиот бенефит ќе го имаат пациентите, бидејќи ќе има целосно спојување на кадарот, опремата, возниот парк. Сето она што досега значеше должништво меѓу институциите, појасни, повеќе ќе го нема, така што како една институција ќе им пружаат навремени, поквалитетни и поефикасни услуги на пациентите.

– Покрај ова, пракса на нашето Министертво ќе остане постојано да бидеме на терен за да вршиме увид на состојбата во јавните здравствени установи, проблемите со кои се соочуваат и како Министерство да им помогнеме во решавањето на проблемите и потребите кои ги имаат за подобрување на услугите и условите за работа на персоналот, додаде Милошев.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!