Државниот секретар во Министерството за одбрана поднесе оставка

Од:

Од лични и здравствени причини, како што се наведува во оставката, Драган Николиќ поднесе оставка на функцијата државен секретар во Министерството за одбрана. Николиќ беше државен секретар во одбраната повеќе од 5 години, поточно од 28 јуни 2017 до 1 септември 2022 година.

Во периодот кога Николиќ беше поставен на оваа висока функција во Министерството, Република Северна Македонија стана полноправна членка на Алијансата, а во рамките на институцијата беа направени значајни чекори во однос на подобрувањето на условите за работа и статусот на припадниците на Армијата, а беа започнати и досега најголемите процеси на модернизација и опремување.

Би можело да ве интересира

Стела ќе добие куќарка во дворот на министерството за одбрана: Петровска ќе го чува новото милениче на работа и дома

Орце Костов

Пожарникарите да бидат под раководство Министерството за одбрана бара Независниот синдикат

Ковачки: Втор ден молк од Министерството за одбрана за украдените доверливи документи

Ковачки: Од Министерството за одбрана украдени класифицирани документи и компјутери со строго доверлива содржина

Македонија ќе купи од Франција опрема за противвоздушна одбрана

Македонија е суверена држава која одлуките ги носи самостојно – реакција на македонските власти на изјавата на Захарова