Државниот пазарен инспекторат не врши контрола на продажбата на маски преку Фејсбук

Од:

Државниот пазарен инспекторат може да врши контрола на онлајн продажбата само ако е во прашање правно лице, но не и за физичко лица кое нуди производи на социјалната мрежа Фејсбук.

-Ние можеме да вршиме контрола на онлајн продажбата само ако е во прашање правно лице, со седиште, каде може да се контролира цената на маските. Но, за жал, за продажбата преку Фејсбук не можеме да вршиме контрола, бидејќи таму можат да се јават и физички лица, кои можат да нудат маски, ракавици и други заштитни средства. Што значи, сите оние кои купуваат преку „Фејсбук“ купуваат на сопствен ризик, изјави денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.

Маски во државата има доволно и во аптеките, а сега има и домашно производство. Од квалитетот на маските зависи и цената, која се движи од пет до 95 денари. Има хируршки маски, памучни и во зависност од што материјал се произведени, таква е и цената.

-Има доволно маски. Само треба да има волја за носење и да ги заштитуваме луѓето околу нас, вели Пауновски.

Врз основа на пријави за зголемување на цената на маските, Државниот пазарен инспекторат извршил 64 контроли на аптеки.

-Само во два три случаи имаме постапено со мерки. Во останатите аптеки се соочувавме цената на маските, на пример на 11 март да биде истата. Меѓутоа, има различни производи. Секој нов производ доаѓа со различна цена, но ние тука не сме моќни ништо да направиме, да спречиме покачување на цените на истите маски. Има памучни, хируршки маски. Какви се маските таква е и цената, истакна Пауновски.

Би можело да ве интересира

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 14 пациенти

Ана Ололовска

Обезбедени 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти со Ковид-19, досега третирани 661 пациент

Ана Ололовска

Македонија ќе добие 8.000 вакцини Фајзер од Србија

Искра Манојлоска

412 санкции за неносење на маска

Ана Ололовска

Над 4 000 оздравени од Ковид-19 за два дена, активни 12. 635 случаи

Ана Ололовска

Нови 190 заболени од 1530 тестирања за корона, шест пациенти починале

Ландов