Државна и црковна делегација во Ерусалим на преземањето на Благодатниот оган во Базиликата на Светиот гроб

Од:

Државна и црковна делегација од Република Северна Македонија, предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во чиј состав се министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорот на Државната комисија за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, како и шефот на делегацијата на Македонската православна црква – Митрополит тетовски-гостиварски, Јосиф Тодоровски, денеска ќе учествуваат на церемонијата „Преземање на Благодатниот оган во Ерусалим” во Базиликата на Светиот Гроб во стариот град на Ерусалим, Државата Израел.

Свечената церемонија на пристигнување на државната и црковната делегација и предавање на Благодатниот оган на аеродромот во Скопје, соопштија од владината – прес-служба, е предвидена утревечер, во 20 часот, со директен пренос на МРТВ.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Уапсени 18 лица под сомнение дека подметнале пожари во близина на Ерусалим

(ВИДЕО) Нетанјаху прогласи вонредна состојба поради шумските пожари во близина на Ерусалим

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар во близина на Ерусалим, најмалку седум лица се повредени

(ВИДЕО) Благодатниот оган директно од Ерусалим пристигна во Скопје

Горан Наумовски

Спасовски: Со радост да ја исполнам доверената задача – да го донесам Светиот Оган во нашата татковина

Горан Наумовски

Грвала: Нема да ја иселиме амбасадата од Ерусалим дури и ако Палестина го признае Косово

А1он