Државна делегација предводена од потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска во манастирот Прохор Пчински

Од:

Потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска и заменик-претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоиљковиќ денеска го посетија манастирот „Прохор Пчињски“ во Србија во рамки на одбележувањето на 81-годишнината од Првото заседание на АСНОМ.

По положувањето на цвеќето, обиколката на манастирот и средбата со заменик претседателката на српското Собрание, Невена Ѓуриќ, Бендевска во изјава за медиумите се задржа на значајните датуми за создавањето на македонската држава.

Таа се заблагодари на потпретседателката на српскиот Парламент и на домаќинот, владиката Пахомије, за гостопримството, истакнувајќи ги добрососедските и братски односи меѓу двете земји. Во изјава за медиумите, Бендевска го потенцираше и евроинтегративниот процес.

– Македонија заслужува да биде дел од Европа, но не по која било цена. Уцени и притисоци не прифаќаме. Сакаме во Европа под исти услови како што членството го оствариле сите останати држави, со задоволување на Копенхашките критериуми, а тоа значи, владеење на правото, почитување на меѓучовечките односи и добар социо-економски развој, никако поинаку, рече Бендевска.

Таа кажа дека е важно да се „обединиме околу заедничките цени и визии, нагласувајќи дека Балканот треба да стане дел од Европа, бидејќи е Европа.

Празникот на македонските граѓани им го честиташе и претседателката на српското Собрание, Невена Ѓуриќ.

– Самиот факт дека на овој голем верски празник Илинден, на вакво свето место како што е манастирот Прохор Пчињски, сме заедно, покажува на тоа колку се цврсти и силни врските помеѓу нашите народи, засновани на историја, култура, на традицијата. Јас сум сигурна дека и понатаму ќе работиме само на унапредувањето на таа соработка, изјави Ѓуриќ.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница и три нови кружни текови

ДКСК: Со изземање на службеното лице ќе се избегне директно или индиректно влијание врз носењето на одлуката на Комисијата за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права

ДИК ги прогласи Локалните избори 2025 за конечно и официјално завршени

Одложено судското рочиште за случајот со прегазениот пешак кај Паркот на Франкофонијата

Незапаметен напад од мечка на жител од долненското село Секирци

Доделена годишната Награда на најдобрите научници и уметник на УКИМ за постигнати врвни резултати во 2024 година