Државен натпревар на млади истражувачи во Струмица

Од:

Двесте талентирани ученици од сите средни училишта од Македонија денеска учествуваат на 54. Државен натпревар на младите истражувачи што се одржува во СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица.

Учениците се натпреваруваат во 23 области од техничките и природните науки.

Државниот натпревар е во организација на Народна техника на Република Македонија.

– За нас оваа година е плодна. Мината недела се одржа 55 натпревар на младите природници и истражувачи од Република Македонија, а денес 54 натпревар на младите истражувачи. Најуспешните напреварувачи ќе можат своите проекти да ги претстават на манифестациите кои ќе ги организраме до крајот на годината-„Макинова Технома“ во октомври, а во ноември, по повод Светскиот ден на науката, ќе го организираме и Меѓународниот натпревар на земјите од Југоисточна Европа, рече во своето поздравно обраќање претседателот на Народна техника на Македонија, Зоран Тодоров.

Државниот натпревар на младите истражувачи за отворен го прогласи претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски, а на свеченото отворање присуствуваа претставници на Владата и министерството за образование и наука.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски