Државата ќе инвестира 30 милиони евра во туристичкиот центар Попова Шапка

Од:

Владата го усвои мастер-планот за инвестирање во туристичкиот центар Попова Шапка, изработен од реномирана меѓународна компанија, која вакви планови правела и за најпознати зимски центри во светот.

Премиерот Никола Груевски соопшти дека планот содржи инвестирање во три фази. Во првата „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) ќе инвестира 30 милиони евра во нова шестоседна жичарница, во нови патеки и проширување на постојните, во поголеми паркиралишта и реконструкција на главниот пат. Ќе има и други активности со кои ќе се дуплира капацитетопт на туристи и скијачи на Попова Шапка.

Во втората и третата фаза ќе има големи инвестиции за изградба на хотели и ресторани и за нив Владата на меѓународен оглас ќе побара концесионер.

– Ова е сериозна инвестиција во Попова Шапка. Целта е таа да стане еден голем европски центар за привлекување туристи и скијачи. Се внимава и на тоа и во лето, кога нема снег, да има интересни содржини на Шапка. Мастер-планот дава сеопфатна содржина на активностите кои Владата заедно со потенцијални приватни партнери треба во иднина да ги прави, за Попова Шапка да прерасне во еден од најдобрите европски центри за скијање, изјави Груевски во Куманово по означувањето на почетокот на градежните работи за ревитализација на пругите од Коридорот 10.

Груевски додаде и дека Владата паралелно инвестира во други зимски центри – за модернизација на скијачките центри во Крушево и во Пониква (подобрување на патеките и осветлување) вложени се околу 2,5 милиони евра. Во план се инвестиции и во Пелистер, како и во други зимски центри зашто, нагласи премиерот, турзимот е сектор кој може да и донесе многу приходи на државата.

 

Би можело да ве интересира

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези

Владата бара разрешување на државниот обвинител Коцевски

Горан Наумовски

СДСМ: Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски започна реконструкцијата на Владата, вчера зборуваше повторно за избори

Горан Наумовски

Внимателно возење: Магла на Стража и на патот село Гајре – Попова Шапка