Државата ја стопира изградбата на хотел од 15 милиони евра во Охрид

Од:

Државата барем за сега ја стопира домашната инвестиција во туристичкиот сектор која требаше да се реализира во Охрид. Хотелот кој требаше да се гради во туристичката населба Свети Стефан, а за кој советот на општината на претходната седница даде зелено светло за сега нема да се реализира бидејки Државниот градежен инспекторат ја стопира целата постапка.

Како што информираат од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, при спроведената контрола биле утврдено дека Деталниот урбанистички план бил изготвуван во спротивност со Законот за просторно и урбанистичко планирање и истиот не бил во согласност со Генералниот урбанистички план. Инвестицијата тешка неколку милиони евра требаше да ја гради бизнисмен од Охрид кој претходно извршил откуп на земјиштето кое беше во приватна сопственост.

„Од страна на Државниот инспекторат е дадено укажување на градоначалникот да постапи согласно со одредбите од Закон за просторно и урбанистичко и да побара од надлежните комисии да изготват предлог за отстранување на неправилностите со предлог до Советот на општина Охрид да ја поништи-укине oдлуката, а исто така и предлог до Советот на Општината Охрид и градоначалникот на општина Охрид да не ја објавуваат oдлуката во „Сл.гласник на општина Охрид“, односно да ја запрат постапката за примена до преиспитување на постапката за донесување и на законитоста на предметниот урбанистички план согласно дадените насоки“ се вели во соппштението на Државниот инспекторат.

Од општина Охрид најавија дека ќе поднесат жалба на ваквата одлука на инспекторатот, и оти не ја исклучуваат можноста да поднесат и кривични пријави. Инвеститорот вчера најави дека во хотелот кој сака да го гради во Свети Стефан ќе инвестира околу 15 милиони евра, и оти планира да направи репрезентативен хотелски капацитет.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски