Дронзина: За време на изборите во Македонија во голема мера целата хибридна војна се водеше од територијата на Бугарија

Од:

Темата за хибридните закани, која е динамичен процес, ги загрозува сите земји од Југоисточна Европа. Враќањето на интересот на САД на овој дел од Балканот е за поздравување, со оглед на тоа што ќе се затвори процесот на евроатлантска интеграција и побрзо ќе бидат затворени одредени отворени прашања, порача денеска проректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, Маријан Ѓуровски на Регионалната школа за безбедност на тема „Хибридните закани и нивниот импакт на демократијата-предизвици за регионална соработка“.

Според него, особено е значајно да бидат подготвени човечките ресурси да одговорат на размената на информации, нагласувајќи дека, доколку врз основа на принципот на професионализација, департизација и декриминализација не изградиме професионален безбедносен систем, ние нема да видеме кредибилен факор и може на почетокот да не ги добиваме сите информации.

– Нужно е врз парламентарниот, политички мониторинг, невладините организации и медиумите да се следи целиот процес на трансформација, со оглед на тоа што е чест, но и обврска членството во НАТО, добивањето на информацијата, која можеме да ја добиеме од останатите 29 земји членки, да придонесе побрзо да се справуваме со секој тип на вакви хибридни но и асиметрични закани, потенцираше Ѓуровски.

Директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски наведе дека хибридните закани навистина во поседно време стануваат сериозна закана за националната безбедност како во нашата земја, така и во регионот.

– Во последниве година навистина имаме индиции и факти дека и ние како земја сме изложени на вакви закани и од тој аспект нашата Влада одлучи да изготви предлог план за одлучна акција за спротивставување на дезинформациите, посочи Димовски и наведе дека земјата соработува со структурите на НАТО и ЕУ, кои имаат изградено стратегија за соработка и стратегија за спротивставување на оваа современа закана.

Татјана Дронзина, професор на Државниот Софиски Универзитет, истакна дека целосно се согласува со тоа дека постојат хибридни закани, посочувајќи оти тоа се гледа во работата на медиумите, на политичките партии кои не работат за националните интереси, како и при донесување на одлуките за Бугарија, бидејќи решенијата се наоѓаат надвор или за нив се прашуваат други луѓе.

– За време на изборите во Македонија во голема мера целата хибридна војна се водеше од територијата на Бугарија бидејќи таму се наѓаше седиштето на руското разузнавање. Така што од таа гледна точка јас се приклучувам на мислењето на колегите дека ние треба заедно да се бориме, затоа што иднината, како на Бугарија, така и на Македонија е во ЕУ и НАТО, потенцираше Дронзина.

Би можело да ве интересира

Безбедносна конференција во Охрид: Зајакнување на капацитетите на институциите за справување со евентуален нов бран од коронаепидемијата

Ана Ололовска

Факултет за безбедност: Потребни се итни промени и нова регулатива во делот на кризниот менаџмент, заштитата и спасувањето

Ана Ололовска

Факултетот за безбедност ќе презентира препораки за трансформација на безбедносниот систем

Ана Ололовска

Е-дискусија „Како пандемијата ќе влијае врз студирањето и пазарот на трудот?“

Ана Ололовска

Вебнар „Регионалните безбедносни предизвици и новите државни актери за време и по кризата од пандемијата“

Ана Ололовска

Вебинер и почеток на регионален проект на Факултетот за безбедност и „Конрад Аденауер“

Ана Ололовска