ДРОМ – Куманово ќе работи на зголемување на опфатот на ученици Роми во образованието

Од:

Центарот за ромска заедница ДРОМ од Куманово почна со реализаци на проектот „Инклузивност на деца Роми во образовниот процес“, со кој е предвидено да се зголеми опфатот на деца Роми во основното и средното образование во наредните две години од 2018 до 2020.

Во проектот, информираа од ДРОМ, ќе бидат вклучени и образовните установи од градот.

– Во проектот ќе бидат вклучени деца од шест до 16 години, кои се исклучени од образованиот процес. Активностите ќе бидат идентификување на деца, преку теренско истражување во ромските населби и во централното градско подрачје, каде што живее ромско население со цел да се вклучат во образовниот процес. Исто така ќе се воспостави линк помеѓу основните училишта и родителите и децата кои се исклучени од образовниот процес, изјави Ресмија Асановска координатор на проект на ДРОМ.

Целта на ова истражување ќе биде да се утврдат причините поради кои децата Роми се исклучени од образованието. Истражувањето треба да ги покаже и начините како и да се поттикнат и мотивираат родителите за да вклучат нивните деца во образовниот процес.

Според најавите на организацијата, во рамки на проектот ќе се воспостави врска со надлежните локални институции кои ќе можат да придонесат за решавање на овој проблем.

Во текот на истражувањето и имплеменатцијата на проектот ќе се подготви и документ во кој ќе бидат опфатена фактичката состојба за моменталната вклученост на децата во образовниот процес и ќе се дадат насоки за подобрување на состојбата.

Теренското истражување ќе се спроведе во населбите „Средорек“, „Бараки“, „Стари Лозја“ и „Бавчи“.

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

ВИДЕО: По заканите со убиства и тепачки, учесникот на протестите во Битолско му се извини на целиот државен врв

Катерина Ѓуровски

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија