Дрога, автомобили, пари се дел од заплената во акцијата на полицијата во четири скопски населби

Од:

Полицијата заплени поголема количина дрога, пари, автомобили и мобилни телефони во акцијата која ја спроведува со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција од утрово во Грчец и Гази Баба, но и Чаир и Сингелиќ, велат извори од истрага за „А1он“.

Како што објавивме, уапсени се 21 лице, кои се наоѓаат во полициска станица. Претресите и заплените се правени во десетици куќи во овие четири скопски населби.

Уапсените ќе бидат предадени на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, по што, ќе бидат спроведени во Кривичниот суд. Неофицијално, ќе се бараат и притвори за дел од осомничените.

Во акцијата беа вклучени специјалните единици на МВР, а станува збор за сузбивање на поголема група на луѓе кои се теретат за сериозен криминал меѓу кои нелегално тргување со дрога. Со оглед дека акцијата и натаму трае, детали за истата се најавуваат по нејзиното завршување.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват