Голема акција во Грчец и Гази Баба: Досега уапсени 21 лице, на терен се специјалците

Од:

Претреси и апсења од рано утрово се случуваат во Грчец и Гази Баба, а досега се лишени од слобода 21 лица за трговија со дрога, дознава „А1он“. Дел од приведените се носат и во полициска станица Карпош.

Акцијата ја координира и води Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција заедно со Министерството за внатрешни работи. Обвинителката Вилма Русковска го потврди ова за „А1он“, а повеќе детали се очекуваат по нејзино завршување.

Во акцијата се вклучени екипи на специјалните единици на МВР. Станува збор за сузбивање на голема група луѓе кои се теретат за сериозен криминал. Акцијата и натаму е во тек.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари