„Дрисла“ се враќа на Град Скопје

Од:

Советот на Град Скопје денеска ја одржа петтата вонредна седница на која донесе одлуки со кои се поништија претходните договори и постапки за давање на депонијата „Дрисла“ под концесија и истата повторно станува јавно претпријатие кое е во надлежност на Градот Скопје.

Пред Советот одлуките ги образложи градоначалникот Шилегов, велејќи дека со нив се дава можност да се затворат сите аномалии и голготата низ која се ставени граѓаните на Скопје изминативе 8 години.

– За Скопје ќе правам компромиси со секого, но со Скопје нема да правам компромиси со никого и кога ме прашавте кој ќе биде гарант за доследно спроведување на одлуката, ви одговорив дека јас ќе бидам гарант за спроведувањето. Минатата одлука се темелеше врз основа на одлуката на Вишиот управен суд, со кои предметот беше вратен на повторно постапување. Ние тогаш постапивме согласно со насоките на судот, и повторно постапивме избирајќи нов концесионер. Согласно со правилата на тендерската документација, новиот концесионер имаше рок од 30 дена да основа правно лице на територија на РСМ, правно лице кое ќе беше субјектот со кој Градот би постигнал договор за управување со Дрисла. Сите инволвирани во постапката беа известени на 13.06.2019 година, согласно со одлуката којашто ја донесовте минатиот месец, вклучувајќи ги и фирмите од конзорциумот предводен од компанијата „Шолц“, кои согласно она што го имаме добиено повратно од ДХЛ пошта, известувањето го имаат добиено на 14.06.2019 година. Тендерските правила се ригорозни, 30 дена изминаа кога требаше да основаат фирма. Ние чекавме до 15.06.2019 година, бидејќи тоа е законскиот рок и до 15-ти Градот ниту доби известување, ниту доби уверување дека такво правно лице е основано, а со тоа ние немаме правен субјект со коишто Градот може да постигне договор – кажа Шилегов.

Градоначалникот Шилегов додаде дека веднаш по изминувањето на рокот, на негово барање е свикана вонредна седница со цел да се донесат новите одлуки со кои ќе се поништи целосната постапка и депонијата „Дрисла“ се враќа во владение на Градот.

– Тендерските постапки се уште поексплицитни и велат дека ако прворангираниот понудувач не го склучи договорот, а ние немаме можност да случиме договор бидејќи немаме со кого, Комисијата за спроведување на постапката ќе го покани наредниот рангиран понудувач да го склучи договорот или дава предлог за поништување на постапката. Ова е можност која нашиот град не смее да ја пропушти. Имаме можност да ја вратиме концесијата на италијанскиот конзорциум, со кои имаме лошо искуство, но немаме обврска – дополни Шилегов.

Тој додаде дека оваа состојба е резултат на трпение и добро проучување на тендерската документација и претставува ретка можност Градот да излезе од правниот хаос кој е настанат поради несоодветното водење на претходната постапка, како и дека со овие одлуки Градот дополнително ги анулира можностите за потенцијални тужби за надомест на штета.

Би можело да ве интересира

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он

Сообраќајка во Скопје, тешко повреден пешак

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески