Драма во ДИК за Струмица

Од:

Продолжува драмата, кавгите, обвинувањата во Државната изборна комисија за Струмица. Мнозинството во Државната изборна комисија, го прифати и вториот приговор од ВМРО-ДПМНЕ и поништи уште едно гласачко место.

Трае жестоката дебата за третото гласачко место, по што ќе се знае дали исходот ќе влијае на резултатот.

Членовите и претставниците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се обвинуваат, ВМРО-ДПМНЕ прашува како гласач уфрлил две гласачки ливчиња во една кутија, но во исто време не сакаат да се донесе на увид Дневникот од изборниот ден.

Претходно Државната Изборна Комисија рано утрово го прифати приговорот на ВМРО-ДПМНЕ за избирачкото место број 1727.

Станува збор за гласачките места кај “старата кожара“, во ООУ “Никола Вапцаров“ и во ООУ “Маршал Тито“ во градот Струмица за кои ВМРО-ДПМНЕ има поднесено приговори за неправилности во гласањето, и на 7-ми април може да има прегласување.

Вкупниот број на гласачи во овие три места е 3.255, од кои на локалните избори во неделата излегле да гласат 2.553 граѓани.

Од нив, 1.436 граѓани гласале за кандидатот на СДСМ, Зоран Заев, 1.034 за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев, 10 за Ристо Божијанов од СДПМ, 6 гласови за Панче Јаков од СДУ, а 67 биле неважечки.

Сепак Зоран Заев за А1 он вели, доколку се прифатат сите три приговори, што е можно, скоро е невозможно ВМРО-ДПМНЕ да предизвика втор изборен круг во Струмица.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски