А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Др Аспазија Софијанова со одговор на колумната на Дејан Блажески

by А1он17/07/2015 - 17:5718/07/2015 - 12:021258
Share0

„Ја читав вашата колумна во која јавно ме прашувате дали би им препорачала на родителите да ги вакцинираат своите деца во земјава и јавно сакам да ви одговорам – Мојот став по ова прашање секогаш бил и ќе биде дека децата мора да се имунизираат, затоа што како педијатар кој со години работи на Одделот за интензивна нега и терапија на Клиниката за Детски болести, сум била во можност за жал да ги гледам и да ги лекувам последиците од пропуштените имунизации и верувајте не било лесно, ниту за мене, ниту за родителите, а најмалку за децата.

Добивај вести на вибер

Со согласувам делумно со вас и можеме да дебатираме за квалитетот на вакцините кои до сега се применуваа, но сакам да ве потсетам дека токму јас бев иницијатор и најголем поборник за воведување на поливалентните вакцини во календарот за имунизација. Со новите вакцини кои од август влегуваат во употреба го имаме истиот квалитет како и европските земји и САД.

И токму тоа беше она што помеѓу другото го зборував во утринската емисија која ја споменувате. Јас не сум пејач и небитно е дали ви се допаѓа мојот глас, не беше моја цел да ве одушевам со пеењето затоа што тоа не беше емисија по пеење, но но не заборавајте јас сум педијатар и тоа добар педијатар и секогаш стојам зад моите лекарски ставови. Право на тоа ми даваат сите мои пациенти кои ги лекував во мојата лекарска кариера“, се вели во одговорот на Др Аспазија Софијанова.

zdravstvo

Би можело да ве интересира

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Горан Наумовски27/08/2025 - 14:20

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Горан Наумовски11/08/2025 - 15:20

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Горан Наумовски07/08/2025 - 15:22

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Предраг Петровиќ16/07/2025 - 18:24

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Горан Наумовски07/07/2025 - 12:01

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

Горан Наумовски27/03/2025 - 20:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен