ДПТ ќе го поддржи Невзат Бејта за градоначалник

Од:

Гостиварскиот огранок на Демократската партија на Турците во Македонија ќе го поддржи кандидатот за градоначалник Невзат Бејта од редовите на ДУИ во вториот круг на избори. За таа цел, денеска во седиштето на огранокот на ТДП во Гостивар Невзат Бејта и Муједин Кахвеџи, претседател на огранок на ТДП, потпишаа Договор за коалицирање и соработка.

Невзат Бејта смета дека коалицирањето е плод на досегашната соработка која ја имале во работењето на советот на општината.

– Ова е природна коалиција и не ја правиме заради лични интереси или заради интересите на нашето членство. Тоа е коалиција која ќе биде во интерес на градот и неговите жители. За разлика од противкандидатот, ние имаме програма зад која покрај ДУИ, сега стои и ТДП за што и ставивме потпис на договорот. Досега сме биле коалиција на локално ниво и натаму ќе работиме во интерес и на Македонците и Албанците, Турците, Ромите и сите жители на општината, изјави Невзат Бејта

Според Кахвеџи, одлуката да го поддржат Бејта како кандидатат, е, како што рече, доказот дека изминативе четири години заеднички биле реализирани 600 проекти.

– На оваа одлука ѝ претходеа консултации со основачите на партијата, со членството, со ограноците во Здуње, Горна и Долна Бањица. Ние веруваме во исправноста на одлуката и сметам дека на 29 октомври, граѓаните ќе гласаат за сработеното, изјави Муџедин Кахвеџи претседател на огранокот на ДПТ Гостивар.

Би можело да ве интересира

50 годишна жена крадела во Гостивар – фатена на дело се обидела да и избега на полицијата

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов

Почината жена пронајдена пред семејната куќа во Гостивар

ВИДЕО: 46-годишник од Скопје е жртвата во страотната сообраќајка кај Колари

Газда на гостиварски угостителски објект фатен со кокаин и марихуана

Катерина Ѓуровски

Жители на Баница ќе постават шатори за одбрана на нивите од „Бехтел и Енка“ ако Владата не ги викне на средба

А1он