ДПМНЕ ни ја вандализираше канцеларијата во Аеродром, тврдат од Левица

Од:

Синоќа, во доцните часови, вандалите поддржани од власта на ДПМНЕ повторно се обидоа да покажат моќ, односно со спреј ја вандализираа канцеларијата на Левица – ЛО Аеродром. Очигледно е: кога немаат аргументи, се служат со вандализам и заплашување. Но ако мислат дека со тоа ќе не‌ заќутат, тропнале на погрешна врата, велат од Левица.

„Членовите на Левица се цврсто убедени во своите ставови и нема сила што може да нѐ натера да отстапиме од нашата идеолошка борба. Левица била, е и ќе остане непоколеблива против расипничките и штетни политики на ДПМНЕ. Ниту вандали, ниту притисоци, ништо нема да не‌ одврати од борбата за доброто на народот. П.С. Следен пат пратете барем писмени луѓе. ВМРО 2893???“, се вели во партиската реакција.

Би можело да ве интересира

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

Левица: Предлози за крај на дискриминаторската социјална политика и здравствена заштита за сите

Левица: Со Ристов на чело РКЕ ќе остане инструмент во рацете на бизнис – политичките структури

Почина Кирил Слезенковски – советник од Левица во општина Илинден

А1он