ДПА на конгресот ќе решава за враќање во Собранието

Од:

На конгресот во недела на 12 октомври ДПА треба да донесе одлука за враќање во Собранието, најави денеска Луан Треси, портпарол на партија, по средбата на лидерот на партијата Мендух Тачи со евроамбасадорот Аиво Орав.

Средбата се одржа во канцелариите на пратеничката група на ДПА во Собранието, но Тачи иако ги сретна со новинарите, по средбата не даде изјава туку тоа го стори портпаролот на партијата.

– Претседателот Тачи го информираше амбасадорот Орав дека по партискиот конгрес, кој што го имаме на крајот на оваа недела органите на партијата ќе се состанат и ќе донесат одлука за враќање на ДПА во Собранието, изјави Треси.

Треси рече дека Орав му го предал Извештајот на ЕК за напредокот на земјата.

– На овој состанок претседателот Тачи му се заблагодари на амбасадорот Орав за добиената препорака. Доколку не ја добиевме препораката Македонија ќе одеше кон процес на слободен пат, изјави портпаролот на ДПА.

Би можело да ве интересира

ЕУ внимателно ги следи изборите во Србија – тие мора да бидат во согласност со меѓународните стандарди

А1он

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп

ЕУ бара Маск да ги врати неограничените услуги на „Старлинк“ за Украина

Дмитриев: Европа е во длабока енергетска криза

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел