ДПА: Имер Алиу ќе го предводи централниот партиски штаб за референдумот

Од:

Демократската Партија на Албанците синоќа одржа седница на централното претседателство во проширен состав заедно со претседателите на ограноците на партијата. На седницата се одлучи да се формира централен партиски штаб за претстојниот референдум кој ќе се одржи на 30 септември.

Централното претседателство за претседател на штабот го избра генералниот секретар на партијата г.Имер Алиу, а други членови се : потпретседателите на партијата, претставниците на партијата во законодавната и извршната власт, претставници од подмладокот и од форумот на жените, вкупно се 13 членови во централниот штаб.

Централното претседателство на ДПА, утврди дека евроатлантските интеграции се едни од основните определби на програмата на ДПА, и истовремено е основна определба и барање на сите албанци без оглед каде тие живеат.

Централното претседателство донесе одлука во текот на викендот да се формират општинските и локалните штабови и официјално да започне со кампањата ЗА референдумот кој ќе се одржи на 30 септември.

Денеска и утре (сабота/ недела) , ДПА ќе одржи седници со сите нејзини ограноци и подограноци почнувајќи од Липково, Куманово, Арачиново, Газибаба, Бутел, Шуто-Оризари, Чаир, Каршиака, Сопиште, Велес, Чашка, Сарај, Желино, Теарце, Тетово, Брвеница, Боговине, Врапчиште, Гостивар, Дебар, Кичево, Струга, Охрид, Ресен, Долнени,Крушево и Битола каде ќе се избират општинските и локалните штабови за претстојниот референдум.

Дпа ќе стартува со кампањата од понеделник со одржување на собири и средби со граѓаните со цел да се зголеми подршката за референдумот кој што ќе се одржи на 30 Септември.

Би можело да ве интересира

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

A1on

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Партијата на Тачи нема да одбие ако добие покана за влез во Владата

Референдум во Република Српска на 25 октомври