ДПА и Саздовски во владиното мнозинство наместо Алијансата на Албанците?

Од:

Новата коалиција помеѓу Алијансата на Албанците и Движењето Беса за вториот круг од локалните избори најверојатно ќе иницира промени во владината коалиција. По завршување на изборите, ДПА ќе биде новиот партнер на СДСМ во власта, дознава А1он од партиски извори.

Од партијата велат дека за ова размислуваат подолг период, но после оваа коалиција помеѓу двете албански партии најверојатно ќе дојде до промени.

После излегувањето на Алијансата на Албанците од коалицијата, мнозинството ќе го спасуваат пратениците на ДПА и Чедомир Саздовски кој од неодамна стана независен кандидат по напуштање на партијата ГРОМ на екс градоначалникот Стевчо Јакимовски.

Според изворите на А1он премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети во моментов преговараат кој да ги добие министерствата кои остануваат без министри и заменици.

Министерството за здравство по се изгледа ќе добие нов министер од редовите на ДУИ. Досега на чело на ова министерство беше Арбен Таравари од Алијансата на Албанците кој се кандидираше за градоначалник на Гостивар.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он