ВИДЕО: ДПА го напушта парламентот

Од:

По денешниот инцидент во Собранието,  ДПА соопшти дека го напушта парламентот и сите активности во него.

Ова што се случи денеска во Собранието е организирасн и оркестриран злочин од страна на Али Ахмети против албанската опозиција. Убиствата и насилствата во овие 13 години веќе се пренесоа и во Собранието, со намера да се елиминира албанската опозиција. Али Ахмети и неговите луѓе  се претворија во јаничари на антиалбанската политика, како во последниот случај на донесувањето на уставните измени и антиалбанскиот буџет. 

Итно бараме да се започне постапката за кривично гонење на овие насилници и криминалци како што се Талат Џафери, Реџаил Исмаили, Мерваин Ибраими Артан Груби и Муса Ибраими. Ние, во меѓувреме ќе превземеме адекватни заштитни мерки од овие насилници и злосторници.
Со оглед на настанатата ситуација, ние нема да присуствуваме на понатамошната работа на Собранието, ја информираме јавноста дека и покрај насилството и теророт, ние упорно ќе продолжиме да ги браниме албанските интереси, рече Имер Алиу од ДПА.

 

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска