Довикувања, препукувања и фотографии од Боки 13 на седицата за законот за ЈО

Од:

Со довикувања од место, процедурални забелешки, препукувања од меѓу координаторите нa пратеничките групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, но и на собранискиот спикер започна собраниската седница за Законот за Јавно обвинителство. Никола Мицевски извади фотографија на која беше сликан Бојан Јованоски и пратеникот Кирацовски.

„Еве ви ја фотографијата кажува се, зошто бегате од избори. Јасно ни е се. Измислувате изговори да нема избори на 12 април. И да работите 48 часа, џабе е, ништо не сработевте за овие три години“, рече координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Оваа реакција следеше откако претходно, координаторот на СДСМ, Јован Митрески побара седницата да трае до 24 часот за да се донеасат законите.

„Има закони кои мора да се донесат пред распуштање на Собранието. Законот за АВМУ, одбрана, закон за плати на професорите. Во име на пратеничката група, кажувам дека сите пријавени се откажуваме од збор во интерес на времето. Да ги донесеме законите, да се распушти Собранието и да одиме на избори на, 12 април“, рече Митрески.

На кавгата на координаторите претходеше, процедурално барање за пауза и на пратеничката Емилија Алексадрова која рече дека паузата ја бара за дополнителна координација бидејќи независните пратеници утрово не биле поканети.

Спикерот Талат Џафери образложи дека немало потреба од пауза, затоа што кога имало потреба одржувал целодневни координации.

„Сум бил секогаш коректен, сме имале координации по цели денови, било тегнење и туркање па потоа Претседателот бил крив што не закажувал седница. Секогаш кога имало дилема со некоја пратеничка група, сум бил отворен за средба. Така што ќе ве замолам не ја префрлајте топката постојано кај мене“, рече Џафери.

При тоа од место дофрли пратеникот Мухамед Зекири, Џафери кусо му врати.

„Не дофрлајте од место, ако имате нешто пишете на Фејсбук“, рече собранискиот спикер.

Џафери по ова даде пауза од еден час. За збор има пријавено над 30 пратеници, најголем дел се од опозицијата.

Би можело да ве интересира

Жерновски-Буриќ: Советот на Европа го поздравува донесувњето на Законот за ЈО

Ана Ололовска

Законот за ЈО за едни чекор напред кон правна држава, за други амнестија за криминалот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Спасовски – Фон Дер Лајен: Честитки за донесувањето на Законот за ЈО

А1он

Џафери: Законот за јавно обвинителство е донесен во соодветна процедура

Ана Ололовска

Брисел ги поздрави одлуките на македонскиот Парламент, сега на ред е ЕУ

Драган Поповски

Рот: Добра вест од нашите пријатели во Северна Македонија

Драган Поповски