Доставени првите 300 заштитни маски со визири за медицинските работници

Од:

Повеќе од 35 приватни и комерцијални 3D принтери се ставени во функција и работат буквално 24 часа со цел да може да се произведе доволна количина на заштитни маски со визири за медицинските работници. Поради запазување на медицински протокол и препораките за справување со Корона вирусот, а во сорабтока со клиниките, првата количина од 315 маски беа денес доставени во ГОБ “8-ми септември” на стерилизација, а подоцна и на официјална прераспределба на местата кои се први изложени на удар од коронавирусот, се вели во соопштението на неформалната иницијатива која започна преку Фејсбук група, а се вклучија голем број здравствени работници и лица кои имаат на располагање 3D принтери.

Помали тимови од внатрешноста, Куманово, Битола, Охрид, Прилеп веќе работат со своите домашни 3D принтери со цел да се снабдуваат и медицинските работници директно на локално ниво. Многу од членовите на инцијативата кои немаат принтери помагаат координирајќи соработка меѓу колегите и болниците, со цел да се запазат истите протоколи како и во Скопје, се вели во соопштението.

Од иницијативата додаваат дека по стерилизацијата, првата количина маски ќе бидат доставени до Инфективна клиника  Клиниката за Гинекологија и акушешрство, Ургентен центар при Клиничкиот центар “Мајка Тереза”, Универзитетската Клиника по Хирушки Болести “Св. Наум Охридски”, Детската Болница “Козле” и Градската Општа Болница “8-ми септември”.

„Голема благодарност на сите членови на заедницата кои постојано работат за да може да се нарави доволна количина на маски, а уште поголема благодарност до сите донори со чија помош се покриваат материјалите за овие маски да станат достапни на медицинските лица, односно на клиниките. Истите не се за продажба. Оваа иницијатива е од граѓаните за граѓаните и не е со цел остварување профит. Моделот по кој работиме, како и повеќето модели кои можат да се најдат на интернет и веќе кружат по социјалните мрежи подлежат на non-commercial лиценца, што и ја прави нивната продажба противзаконска. Ќе додадеме и некои технички детали за овие маски. Држачите кои што имаат контакт со челото можат да се стерилизираат во водорор пероксид плазма на 50Cо, додека провидниот материјал може да се исчисти со потопувње во чист етанол или соодветен дезинфициенс”, изјави доц. д-р Ристе Попески-Димовски од Институт за Физика при Природно-математички Факултет.

“Оваа инцијатива нема да застане само на овие заштитни визири. На барање на нас лекарите и на барање на болниците, 3Д дизајнери веќе работат на варијанти за елементи кои би можело да станат дефицитарни доколку продолжат забраните за извоз на медицинска опрема кои ги имаат повеќето земји“, изјави д-р Александар Каревски од Оддел за ортопедија и трауматологија при ГОБ „8-ми септември”.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска