Достава на изводи од матичната евиденција на домашна адреса

Од:

Скопјани од денеска на домашна адреса може да добијат изводи од матичната книга на родени и на венчани. За тоа ќе треба да се регистираат на веб-страницата на Управата за водење на матичните книги (УВМК) или на нивниот е-портал uvmk.gov.mk, да пополнат барање и по уплата ќе добијат нотификација и време за испорака на документот на домашна адреса.

Како што информира директорот на УВМК Ѓоко Котевски, проектот е дел од Планот 3-6-9, а првата достава на готов документ е веќе извршена во скопската населба Јане Сандански. Услугата на почеток ќе можат да ја користат само граѓаните на Скопје, без разлика каде се родени, а наскоро ќе биде достапна и во сите градови во Македонија.

– Овој проект е во интерес на граѓаните и преку посебен безбедносен систем во кој се гарнтира безбедноста на нивните податоци ќе им овозможи брзина при аплицирањето и намалување на турканиците на шалтерите. Граѓаните може да аплицираат само за личен извод од матичната книга на родени или на венчани или за малолетно дете. При преземањето на документот на домашната адреса ќе мора да приложат личен документ за идентификација за да ја подигнат пратката, изјави Котевски по доставата на првиот готов документ во населбата Јане Сандански.

Директорот на Македонска пошта АД Скопје Фаадис Реџепи посочи дека двете институции размислуваат наскоро ваквата услуга да им биде достапна и на македонските граѓани кои живеат во странство.

– На сите граѓани кои ќе аплицираат во УВМК и ќе одлучат изводот да го добијат на домашна адреса ќе им биде доставен од поштарите на Македонска пошта во рок не подолг од 72 часа по приемот. Ќе водиме сметка за квалитетот на услугата. Документите ќе се доставуваат препорачано со повратница и ќе бидат следени преку системот на Македонска пошта за следење на пратките во внатешниот поштенски сообраќај (tracking trace). Тоа ќе можат да го следат службите, но и граѓаните преку веб-страницата на Македонска пошта, рече Реџепи и додаде дека Македонска пошта веќе има искуство со доставување на лични документи на амбасади и оти досега немало никаков проблем.

Би можело да ве интересира

Штрајкот на Пошта во мирување, се чека Владата за помирувачот да закаже состанок со новиот министер

Анита Петровска Рајковиќ

Поскапени поштенските и курирските услуги

Вработените во Пошта протестираат: Не знаеме кога ќе земеме плата, 2000 вработени ќе останеме на улица

A1on

Еден шеф на еден работник во Пошта: Поштари нема, но администрацијата е преполна

A1on

Двочасовен протест утре во националната Пошта

Горан Наумовски

„Купувајте загубени пратки за само 123 денари!“: На интернет си поигруваат со АД Пошта

A1on