Досега ниту еден наш државјанин не побарал помош, МНР повикува на внимателност при патување во Грција

Од:

Министерството за надворешни работи денеска упати апел за претпазливост при патување или престој во Грција поради ситуацијата со пожарите и информира дека досега ниту еден наш државјанин не побарал помош.

Како што посочуваат од МНР, на грчкиот остров Евија се наоѓа еден државјанин на Република Северна Македонија и тој е далеку од ризичната зона, а другите државјани биле евакуирани од ризичните во безбедни локации, во неделата, на 8 август.

Дипломатско-конзуларните преставништва на Република Северна Македонија во Грција преку социјалните мрежи, се наведува во информацијата од МНР, благовремено упатија апел до државјаните на Северна Македонија за претпазливост при патување или престој во Грција заради ситуацијата со пожарите, а при евентуална потреба да ги контактираат Амбасадата на Северна Македонија во Атина (+ 30 694 52 82 251, +30 695 51 91 321, +30 694 47 43 071,+30 210 67 49 585) и Генералниот конзулат во Солун (+30 698 72 00 410).

-Hашите претставништва во Грција се во континуирана комуникација со надлежните грчки институции и за сите добиени информации навремено ќе виде запознаена јавноста, наведуваат од МНР.

Би можело да ве интересира

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби