А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Досега десетмина заболени од туларемија

by А1он17/03/2015 - 15:14151
Share0

Од јануари досега 10 лица во Македонија се заразени со туларемија. Десеттиот заболен е потврден денеска. Заболените се од скопско, од селото Каратманово во општина Лозово и од светиниколско. Министерството за здравство ја следи состојбата и во тек е седница на Комисијата за заразни болести на која се разгледува кои мерки се преземени и кои треба да се преземат во наредниот период.

Добивај вести на вибер

Министерот за здравство Никола Тодоров пред почетокот на седницата на прес-конференција истакна дека голем дел од мерките се надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство чии претставници присуствуваат на седницата за да информираат кои мерки ги преземаат за спречување на ширење на заболувањето.

Посочи дека од вкупниот број заболени на Клиниката за инфективни болести се лекувале седум од кои три се лекувани болнички, а четири амбулантски. Од трите лица лекувани болнички, две се успешно излекувани и пуштени дома, а едно лице се уште е хоспитализирано и наскоро ќе биде пуштено дома.

Начините на кои човекот може да се зарази со туларемија се преку директен контакт со заразени животни, при каснување од крлежи, вошки и други инсекти, при вдишување прашина контаминирана со бактерија на туларемија, како и при пиење контаминирана вода или консумирање контаминирана храна (на пример, недоволно термички обработено месо, на температура пониска од 70 Целзиусови степени). Заболувањето не се пренесува од човек на човек. Преносител на заболувањето за животните.

Со цел превенција и заштита од ширење на заболувањето, луѓето треба да избегнуваат секаков контакт со крлежи за време на престој во природа и да употребуваат соодветна заштита (ракавици, чизми, заштитни маски). Оваа препорака особено се однесува на лицата кои поради својата професија, или рекреативно, почесто престојуваат во природа или се во директен контакт со животни и нивни продукти. При евентуално каснување од крлеж, лицето треба да се јави на доктор, со цел отстранување на крлежот, како и совети за натамошен третман.

За превенција од ова заболување, особено е важно одржувањето лична хигиена, добро миење на овошјето и зеленчукот, добро термички обработена храна, пиење безбедна вода, да се избегнува капење во застоени води, како и храната да се чува покриена и заштитена од глодари или инсекти.

zdravstvo

Би можело да ве интересира

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Предраг Петровиќ16/07/2025 - 18:24

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Горан Наумовски07/07/2025 - 12:01

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

Горан Наумовски27/03/2025 - 20:30

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Горан Наумовски09/03/2025 - 17:14

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Предраг Петровиќ28/02/2025 - 17:51

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски30/01/2025 - 12:2530/01/2025 - 15:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен